Екс соиграчот на Панчев откри каков бил Македонецот: Не трошеше никогаш, ни Кока Кола не плаќаше
Дарко Панчев се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб.
Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години.
Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола и на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година.
Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано.
Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. Тука била ставена кочница во неговата кариера.
По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера.
Денес тој живее во Скопје и води мирен живот. Влезе во брачните води со познатата пејачка Маја Гроздановска-Панчева и со неа има две ќерки, Надица и Марија. Сопственик е на кафе-бар „Деветка“ во Трговски центар Беверли Хилс.
Драгиша Биниќ, неговио некогаше соиграч неодамна говореше во еден поткас, а се сети и на Македонецот.
„Примаме плата на први, а јас до пети ги трошам динарите, па потоа менувам девизи. Панчев ги купува од мене, тој не трошеше никогаш. Тој ни Кока Кола не плаќаше, таков е“ вели Биниќ за Панчев