Елена Ристеска емотивно како никогаш досегаа за своето семејство, се наврати 20 години наназад за тато, мама и дада
Познатата македонска пејачка Елена Ристеска на својот инстаграм профил денес се огласи со поодолг текс во која што вели:
На овој ден, 22.12.2002 год. или точно 20 години откако “девојчето со чорапчињата” победи на аудицијата “М2 Потрага по ѕвезда” на М2 продукција,основана од Иво Јанковски и Дарко Димтиров.
На кои и ден денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае.
Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100те финалисти пеејќи песна од мојата драга другарка Каролина Гочева од која исечок можете да слушнете на следна страна.
Потоа,бев една од 10те финалисти на финалето на М2, каде сите пеевме своја песна и каде победив со мојата прва песна “Она другото”(второто видео).
Токму од тој момент мојот живот од анонимен стана јавен и целосно се промени.Започнаа да се редат песни,спотови,албуми, концерти,насловни страни,интервјуа,тв и радио гостувања,настапи низ цела држава и пошироко,фестивали, Евровизија во 2006тата,турнеи низ светот итн.И најдрагото нешто од сето тоа ми е што стекнав свои обожаватели, кои и ден денес се тука за мене.
А благодарение на Бог кој ми го дал гласот,јас 20години за нив пеам и постојам.
Паметам и ден денес дека моите не знаеја дека сум пријавена на некаква аудиција, единствено сестра ми Даки која ми е и ден денес најголема поддршка.
Кога дознаа дека сум влегла во 100те полуфиналисти татко ми ми рече: “Елена тој свет е подмолен и се’ е наместено, немој да се разочараш.
”Јас му одговорив: “Тато, само сакам да си докажам на себе си дека можам,не ми е важно ништо повеќе.”Кога победив моето семејство беше шо кирано,а нивното “малецко” успеа да докаже дека може.
Низ сите овие години,покрај сестра ми и татко ми кој ме поддржува од “таму некаде” мојата најдрага мајка Деса го посвети својот живот да ми помага во животот и кариерата,без која немаше да постигнам ништо.
Внука ми Делфи е мојот нов фан и се надевам дека ќе ме наследи еден ден. И после 20години,јас сум истата Елена, иако многу нешта се променија.Иста е мојата љубов кон вас и кон музиката. Ве сакам.