Ефтим од штипско останал и без пари и без земја, државата го извисила, а тој го губи здравјето
Ефтим Николов од штипското село Караорман веќе четири години чека од државата 50.000 евра поради одземени 29 декари земја за изградба на браната Речани.
Наместо пари, 70 годишниот старец е заглавен во судски лавиринти: Бевме повикани на суд, бевме таму а тие сакаа да дадат малку пари, вели Ефтим.
– Со мојот адвокат од Кочани им спремивме тужба, но веќе пет месеци во апелациониот суд стојат документите, вели Николов пред камерите на ,,Тв стар”
За да ма ката биде поголема Ефтим останал и без шумската корија, што била во непосредна близина на одземената земја.
– Од мојата корија не земав ниту еден денар, за шумата рекоа дека 1.000.000 треба да земам, ниту пак за земјата, вели разочарано Ефтим.
Од сите овие случувања, перипетија и несериозниот однос од државата Ефтим го загубил и здравјето: Еден ден и без куќа ќе останам, додава тој.
– Очекувам дека ќе се реши оваа ситуација и оваа четиригодишна голг ота да заврши, бидејќи куќата ми се распаѓа и нема каде да живеам.
– Јас имам четири опера ции, ова не се издржува. Има некој позитивни помрднувања, има ветување дека ќе ги дадат парите, но се остана на зборови.
Дотраената куќа, влагата во неа, крцкавиот под и сите други услови во куќата не и даваат мир на Ефтим и неговата сопруга Веса.