Жена од Кочани со лажен повик за хуманос: Собрала илјада и кусур евра под изговор за лекување на деца, а се било измама

Секојдевно сме сведоци на се поголем апели за помош за загрозени ситуации на луѓе.

Но притоа има многу и лажни кои сакаат преку измама да дојдат до финансиски бенефит.

Една таква нечесничка откри и фати македонската полиција.

Имено надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет.