Земјотрес ја погоди Грција: Епицентарот во близина на популарнoтo туристичко место за Македонците

Земјотрес вечерва ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 26 километри североисточно од Сарти, популарно туристичко место на Халкидики.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Во оваа облас периодов летуваат и многубројни македонски туристи.