Зоки Фаци искрено призна за донациите што ги дал многупати
Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.
Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.
Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.
Зоки Фаци е редовно активен на социјалните мрежи преку фотографии или видеа, а овојпат сподели видео обраќање токму за видеата на Лазаров и го искажа своето мислење.
Инаку јутјуберот Стефан Лазаров вели дека дваесетина случаи во емисијата Срце на дланка што се емитува на Алфа ТВ биле изма ми. Конкретно за одделни случаи истражува, снима видео и ги изнесува неговите информации во јавноста.
– Тукушто го изгледав видеото на Стефан Лазаров со неговата во јна со дечкине од Срце на дланка. Морам да ви кажам дека Стефан им одржа една лекција на новинарите дека ова што го прави е истражувачко новинарство.
И дека дечкото не се зафркава баш напротив ги раскринка, а они си знаат натаму. Така што приказнава што Стефан ја тера мене стварно ми е интересна.
Јас сум бил многу пати хуман. Морам да признаам дека повише сум донирал за животни, отколку за луѓе токму поради овие причини што стефан ги набројува така што Срце на дланка треба да го туж ат ако не е во право или да и се извинат на јавноста ако е во право, вели Зоки.