Зоран од кумановско е самохран татко на 5 деца: Често сме без храна, почнав и куќа да градам, но немам сили

Сторијата која следи е уште една од контроверзните приказни која го раскажува животот на семејството Вукановски од село Бељаковце. Ја подготвувавме пред повеќе од една година и која не отиде во етер се додека не добивме зелено светло од социјалните работници и психолози дека човекот и неговите деца нема по обајвувањето да бидат ставени на линч.

Зоран вели дека се неправедно е обвинет од блиски луѓе за обид за силување на баба пред многу години. На денот на снимањето на сторијата тој сметал дека не треба да го каже тој проблем, и низ солзи само го раскажуваше тешкиот живот негов и на неговите деца. Имено, тој е самохран татко кој сам расте пет деца и ќе каже -„Главата ќе ја дадам, ама децата не ги давам„.

Сепак, не му било и сеуште не му е лесно на овој невработен 50 годишен човек со минимални месечни примања да ги гледа секој ден солзите на децата, немајќи да им подготви храна или да им даде пари за на училиште. Но, не дозволил овие невини души да завршат во дом за сираци. Сите живеат во една соба. Спијат на стар дониран мебел несоодветен за просторот.

Од прозорците дува, па малите често настинуваат. За да го спречи тоа додека меси леб, Зоран одвојува тесто за да затвори некоја дупка. Готви сам, пере на раце, а, најтешко му е кога оди во град и му нарачуваат сендвич. За жал, тој нема со што да им ја исполни желбата. Ќе каже- „Тогаш не ми се доаѓа дома, но, морам децата ми се се во животот и за нив ќе борам додека ми чука срцето!„

Зоран е роден и живее во кумановско Бељаковце. Има 50 години и пет деца. Пред девет години кога жена му одлучува да замине и да ги остави децата во дом, одлучно како и сега тој одлучува дека веќе ќе живее со и за најмилите. Со помош на мајка му ги расте децата, иако, скромно и сиромашно до лани некако врзувале крај со крај во месецот. Сепак, лани мајка му го напушта, а со гаснење на нејзиниот живот, се кине и приходот од нејзината пензија за семејството на Зоран. Па тие се принудени денот да го минуваат со минимална или никаква храна. А, и просторот во кој живеат е премал за шест души.

-Живеевме тука со мајка ми и сопругата сиромашно. Откако ми роди пет деца си замина и скаше да ги даде децата во дом. Јас не дозволив. Реков ќе ја дадам главата, ама децата не! –вели Зоран. Тој додава и дека повеќе се снаоѓал додека била жива мајка му. Последниве години сам се бори со приватна работа и минимална социјална помош. Но, не стигнува и за храна, и за лекови кога ќе настинат и за да им обезбеди поубав дом.

И, после девет години откако се оставени овие деца живеат исто. Можеби со празнина за невозвратена мајчина љубов, но, полни во душата кога изговараат тато. Човекот кој никогаш не ги напушта. Иако, овој човек останува гладен само децата да се сити, мораше да побара помош од јавноста, затоа што деновите ги минуваат гладно и сиромашно.

-Тато ни подготвува храна и не чува. Ама и тој нема пари и не може да ни даде се. А, сите сакаме нова куќа зашто во оваа тешко ни врви животот-вели ќерката на Зоран низ солзи.

За жал четвртото дете по ред, малиот Милан е дете со посебни потреби, за кое досега овој човек ќе каже дека не добил ниту денар помош затоа што за да појде да однесе документи нема доволно пари. А, и ако одвои 1000 денари за пат и храна до Скопје, останатите ќе мора да гладуваат или да гладуваат останатите денови во месецот, бидејќи секој денар му е драгоцен.

-Милан е дете кое е родено со посеби потреби и немам пари за да го однесам во Скопје на испитување, зашто ако го однесам како ќе им земам храна на овие другиве четири деца. Па, и за него треба храна, да платам за пат.. Нема. За жал и тој е осуден така да се мачи-додава Зоран.

И, како што секој човек има желби така и овој татко, бара само да ја доправи некогаш започнатата куќа за утре, ако недај боже нешто му се случи, да биде мирен дека најмилите ќе има каде да му живеат.

-Почнав да правам до старава куќа нов дел, но немам сила да ја доправам. Старав куќа кога врне тече, па додека месам лебс о тестото ставам на дупките за да им капе и да не дува. Често остануваме и без храна. Немам за ништо да им купам што им треба на волку мали деца. А, толку сакам да ги обезбедам со нов дом. Тоа е се што сакам за нив, зашто тие само мене ме имаат во овој живот- завршува Зоран за Срце на дланка.

Колку и да е мачно и тешко, човек треба да му пркоси на проблемот, зашто поразен човек е човек кој се откажал. И, можеби ќе се бориме за својот опстанок во сурови околности и лавовски ќе се бориме за да преживееме, но никогаш не смееме да ја изгубиме челична верба, волјата, и желбата за победа на крајот зашто човекот не е создаден за никакви порази и на секој крај мора да излезе како победник во ситуацијата. Посебно кога се работи за иднината на децата.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите преку контакт на таткото Зоран на 075841078