Ивана од пробиштипско: Има денови и без леб кога сме, две години не сум си го видела детето зашто немам услови да го чувам
Ивана Мицева живее во село Бучиште Пробиштип. Денес има само 26 години и голема мака зашто пред пет години морала да се раздели да замине од куќата на сопругот и да го остави своето дете. Не затоа што сакала- ќе рече таа, туку затоа што морала бидејќќи ке каже дека повеќе не било ништо како на почетокот. Би заминала и со Михаил кој денес има 9 години, но дома во куќата на нејзините живееле сиромашно и во лоши услови, таа била невработена, па морала да се согласи да замине сама. Оттогаш секој миг и е вечност. И, во секој миг и е Михаил кој го гледа само на фотографии или во сонот.
Душата ме боли за него што не сум покрај него кога најмногу му требам. И, тој сака да е со мене но, не ни е дозволено. А, и куќата е во многу лоша состојба. Тече од сите страни и не можам да му овозможам убав живот и мора да бидеме разделени и тажни- ќе рече оваа млада мајка. За несреќа и татко и од пред неколку години добива сериозна болест и работи само дома низ градината, а мајка и е слабовидна и од пред извесно време и со скршено рамо и преживеана операција.
Веќе и последната гранка на која седеле е скршена, зашто мајката Билјана е единствената и која носела скромни 200 евра приход работејќи во оранжерии. Често немаат ни за леб. Ваквата состојба многу го изиритирала братот Бојан и му ја влошува здравствената состојба, поради која денес по трет пат лежи во Негорци, Гевгелија. Затоа најмногу од се Ивана ќе посака помош за санација на домот и вработување за неа за да може да си го врати детето дома, а и братот да се смири и врати од местото каде сега се наоѓа.
Ивана уште од училишните клупи заминува во домот на сопругот каде набрзо дознава и дека е во блажена состојба. Денес нејзиното синче има девет години, но разделено е од мајка си цели пет години. Не можела веќе да го поднесе живото во таа заедница во која била малтретирана ќе рече таа, па поради сиромаштијата на нејзините родители и распаднатиот дом во кој живееле тие со нејзиниот брат Бојан, била принудена сама без малиот Михаил да се врати во домот на родителите. Оттогаш се поминати цели пет години, но не поминува ниту ден вели таа да не помисли на детето и да не го погледне на фотографиите од минатото и да не и фали исто како што знае дека и таа нему му фали зашто е мал и сега е период кога најмногу му треба мајка.
-Уште учев средно училиште кога се запознав со бившиот сопруг. Ми се роди едно детенце и веќе кога не ни одеше во бракот, морав да заминам. Ми рекоа дека немам услови кај моите, немам работ и не ми го дадоа детето. Од тој ден патам.. Срцето ми остана таму со Михаил. Не сум го видела со години. Многу ми фали. Го гледам само на фотографии. Душава ми плаче за него. Исто и брат ми од тешкиот живот се разболе, па еве и во моментов е во Негорци лежи таму. Го лекуваат од шизофренија- вели Ивана.
-Се е на мене. Само јас работам вели Билјана, мајката на Ивана. Едното дете од тешкиот живот ми се разболе и сега е во Негорци. Сопругот ми е болен, Ивана се разведе и детето и го земаа зашто сме намале услови за живот тука.. Јас сум слепа, само со едното око гледам. Паднав го скршив и рамото и ми правеа операција. Како сега ќе заработам за леб не знам –плачејќи кажува мајката на Ивана.
-Има денови и без леб кога сме. Многу ми е тешко, а најтешко ми е што сум без детето. Сакам да се средам. Сакам да работам, прво сакам да си ја средам и здравствената состојба, да работам и средам домот, па да си го вратам детето, а сигурна сум дека и брат ми ќе биде среќен и ќе биде задоволен така. Нема веќе да има напади и се ќе биде во ред-завршува Ивана за Срце на Дланка.
Порано ова семејство живеело и среќно. Сите работеле и имале нормален живот. Но, последните години се случуваат многу несреќи, па се разболува малиот Бојан, се разболува Ивана, сериозно е болен и спречен да работи и таткото Слаѓан, а веќе тотално слепа е и мајката Билјана која неодамна го скршила и рамото и сега гладуваат.
И, најверојатно состојбата на целото семејство е тешка само поради сиромаштијата во која западнале. Па, затоа сите се и со една цел и желба, вработување на Ивана и санација на домот за да може да се врати дома од Негоци Бојан, братот на Ивана но, и нејзиното дете по кое секој ден чувствва празнина и болка во душата. Крај: Нема поголема болка од тоа да видите солзи во сите очи од едно семејство. Секоја солза крие една тажна приказна. Која може да има и среќен крај. Ги поврзува сиромашијата, но и желбата за поубав живот. Можеби ги поврзува сонот во кој веруваат сите. Да се надеваме дека хуманоста ќе надвладее и дека сонце ќе огрее во нивните животни судбини.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа можете да го направите преку нивната трансакциска сметка 200003160242388 или на нивниот телефонски број 078929123