Ива работи на крајот на светот и тоа по 16 часа на ден, платата е одлична но се има цена
Многумина се одлучуваат среќата да си ја побараат надвор од родната земја, па така заминуваат во западноевропските земји како и прекуокеанските.
Ива е една од тие која заминала ни помалку ни повеќе во далечната Алјаска во потрага по приход, во многу сур ови услови.
– Ќе ја прелеташ половина земјина топка и одиш да работиш на крајот на светот цели 16 часа во еден ден и тоа без пауза, работиш до исцрпеност.
Оние кои се подготвени за тоа можат да заработат повеќе од 7.000 долари за еден месец. Таков е случајот, во најголем дел, со сите оние кои одат на привремена работа на Алјаска. Тоа најчесто се прави во фабриките за преработка на риба, а ако сезоната е добра може да заработите многу пари.
Ива работи во компанија која се занимава со чистење на риба, а во видеата на социјалните мрежи открива како изгледа нејзиниот просечен ден, како варираат платите, какво е работното време. Таа тврди дека платата е многу добра, но дека е многу напорна работа.
„На почетокот ќе кажам дека платата почнува од 2.000 долари месечно, ако работиш во најслаба компанија или паднеш во место каде што има лоша сезона, додека пак некаде стигнува околу 7.500 долари ако погодиш добра сезона.
– Можеби 7.500 звучат како многу, но буквално секој ќе работи по 16 и пол часа на ден, без слободен ден. Така да немате слободен ден“, вели Ива.
Ива објасни дека одморот главно зависи од обемот на работа, односно од тоа колку риби има, толку се работи. Ако има риба, работиш, ако нема, не работиш, имаш слободен ден, а следниот ден работиш шест, осум, десет часа, пишува Мондо.
Паузите се на четири часа од по 15 минути. Првата пауза по четири часа е 15 минути, потоа следните четири часа има пауза од половина час за оброк,
По четири часа има уште една пауза од 15 минути и потоа работа до крајот на смената. Навистина е тешко и можеш така да работиш два месеци.
Станува збор за фирми кои работат со лосос и тоа се прави во јуни и јули. Има неколку фирми, некои се поделени на 12-часовни смени, некои 16 и пол часа, а има и такви каде што нема смени, секој работи по една смена“, објасни Ива.
Ива истакнала и дека сместувањето не е најдобро, но дека храната не е лоша, и дека имаат разновидна исхрана: Во однос на сместувањето, една година мажите спиеја во шатор, додека на пример една година бев во приколка
,, Имаше само еден метален кревет на спрат и ништо друго, моите работи беа спакувани во куфер за три месеци.Што се однесува до храната зависи од готвачот, имаат добра понуда, но прашање е каков готвач е тој, Филипинец или Мексиканец.
Храната е разновидна, секогаш имаш супа, два, три вида јадења, можете да изберете, има овошје, слатки, нема да останете гладни, но после еден месец сè исто се повторува“, опиша таа.
Интересно е што и по напорниот работен ден, сепак наоѓаат време за дружење. Ива покажа дека во слободно време гледаат телевизија, играат пинг-понг и се дружат.