Изјави дека не е родена за да сецка салата, а сега Драгана порачува: Јас ќе ја надминам Ким Карадашијан
Манекенката и старлета Драгана Спасовска која своевремено македонската јавност ја запозна пред неколку години откако зборуваше за својот живот во Дубаи и познанствата со светски познати ѕвезди како што е Роналдињо повторно беше гостинка во македонска забавна емисија.
За себе вели дека е најубава на свет и дексекојдневно кога ќе стане во огледалото си повторува дека е најубава и најбогата и со тоа привлекува позитивни афирмации за себе.
-Имам милион следбеници на Инстаграм, луѓето што ме следат ме следат заради мојата искреност. Секој може да види на гугл слики пред 5 години, ама не сум истата.
Прво, јас не го имам променето мојот личен опис. Прво нешто што луѓето се зафаќаат за мене ми се градите и устата, но тие се мои. Сите интервенции ми се минимални имам правено липосукција на телото, а од „фетот“ (мастите) имам ставено во газот.
Имам разни филери, сето тоа е минимално за да не изгледа како сите тие девојки што изгледаат. Финансиски сум стабилна и можам да си дозволам операција јас сум во шоубизнисот треба да изгледам добро.
Јас ќе ја надминам Ким Карадашијан, пред цела македонска јавност кажувам, очекувајте голема кариера од мене и ќе бидам мега селебрити, самоуверено кажа Драгана во Нешто конкретно со Снеже Велков.