Како дојде така и отиде: За седум години Александар од сиромав до богат и повторно сиромав

Чудесната животна приказна има Александар Добреа, од селото Вукмановаци, Србија, кому се чини дека некој му ја упатил познатата изрека „како дошло така ошло“, се вели дека неверојатно потсетува на сценариото на популарната серија „Доларите доаѓаат“.

– Освен што мајка ми наследи многу од богатиот вујко. Всушност, нејзиниот татко имал две машки деца и неа, едниот живеел во Америка, другиот во Германија. Немале деца, тој од Германија и оставила куќа, тој од Америка пари – вели Александар во изјава за ,,Ало.рс”‘

– Бевме многу сиромашни, моето семејство едвај врзуваше крај со крај, како и секое работничко семејство во тоа време, кон крајот на деведесетите.

– Мајка ми го запозна татко ми во Бела Црква, се омажи за него и јас сум роден таму. Имав четири години кога мајка ми од својот вујко наследи куќа во Вукмановац. Бидејќи условот беше тој да живее во него, се преселивме и потоа се започна – се присетува Александар.

Еден ден, на нивната врата се појави вториот вујко на нивната мајка, кој цел живот бил во Америка: Сите во семејството мислеа дека го нема и дека нема да се врати. Тој во Америка продал куќа а целата сума од 680.000 долари ја уплати на сметка на мајка ми.

– Се сеќавам како во банката наеднаш станавме најважни клиенти од непожелните сиромаси. Претходно не не пуштаа сите во банка бидејќи сме правеле гужва. Но откако дознае за наследството веднаш не примија во канцеларијат на директорот.

– Татко ми и мајка ми беа препла шени од таквата сума, на почетокот се грижеа, а потоа започнавме безмислено да трошиме, вели искрено Александар.

– Поделивме низ роднините некаде околу 100.000 долари. Откако дошол роднина и се пожалил дека му се расипал автомобилот, мајка ми му купи нов кој чинел околу 5.000 евра.

– Таа одгледа три братучеди и тројца внуци, тие живееја со нас, а кога мајка ми по чина, само половина од нив дојдоа на по гребот. Сега не ни слушаме од тоа семејство – признава Александар и додава дека и самите се виновни бидејќи за седум години „го претвориле кругот од сиромашни во богати и пак назад“.

– Потрошивме многу пари на облека, обувки, храна. Имав дванаесет години и лу до купував нови патики и мобилни телефони.

Еднаш мајка ми ми купи мобилен телефон во Крагуевац, за него плати околу 450 евра. Половина час подоцна видов друг за 750 евра во стоковна куќа.

Во Србија имало само три такви модели. Ле лекав и плачев да ми го купи, но таа не сакаше. Кога дојдовме дома, го фрлив мобилниот во поголема чаша и мајка ми следниот ден ми купи поскап.

Парите од наследството испариле за седум години: Не е проблем што потрошивме на покуќнина, на нови работи. Имавме стан во центарот на Крагуевац кој го продадовме за двојно поскапа цена.

И тоа си отиде, дадовме многу пари, никогаш никому не сме ги позајмиле. Мајка ми ја нема, јас и татко ми живееме со плата, работам на фарма, во село Колари, од утро до вечер.

Живеам добро, но не ни приближно добро како кога бевме богати. Ни се случи познатото: како дојде, така помина! – заврши Александар.