Катерина е прва и единствена жена капетан пилот кај нас – раскажа со кои предизвици се соочува на работното место поради тоа што е жена

Катерина Кајсторовска – првата и единствената жена капетан пилот и инструктор на Боинг 737 во Македонија е една од ретките жени кои успеале да се изб орат за место во професија која сите ја сметаат за машка.

Од мала кај неа се родила желбата да ја искуси слободата во постоењето,на само четири годинки имала лу да идеја, да проба како изгледа да слета од првиот кат на нивната куќа – со чадор, па за среќа била спречена од баба ѝ.

Родена е во Виена, Австрија, покрај тоа што е капетан пилот и инструктор за обука на тип Боинг 737, таа е и магистер по човечки ресурси и судски преведувач за англиски и српски јазик. Катерина беше гостинка во Шоу Магазин каде зборуваше за нејзината професија.

На само 15 години додека била заедно со капетанот, одеднаш била изненадена од него откако излегол и ја оставил сама да го управува авионот.

– За среќа беше мал авион бидејќи почнуваме да летаме на мали авиони и јас бев многу изненадена и многу исплашена. Имав 15 ипол години претходно додека стигнав до академија минав многу премрежја заедно со родителите кои мораа да се потпишат за согласност.

к

Тоа чувство и ден денес го опишувам со еуфорија. Јас пеев, плачев, се смеев, бев црвена како булка, вели Катерина. Обидот да стане пилот трае од 1990та до 2001вата, постојано се соочувала со некои сопки, но таа не се откажала.

– Тој предизвик заврши но се отвори еден нов предизвик. Јас ја добив дозовлата на професионален пилот, следниот предизвик беше наоѓање работа за којашто чекав две години да добијам шанса.

Се случија така некако работите така да во тој момент беше Македонски Авиотранспорт. Авио Импекс за жал пропадна тоа беше моето бившо работно место како стјуардеса.

Се створи еден прекумерен број на пилоти за наши македонски услови кои останаа без работа и нормално тие што се поискусни добиваат први шанса. Цел живот се соочувам со тоа дека сум млада.

Почнав да летам со 15ипол години, а стјуардеса станав на 19 години. Бев прво во пилотска кабина, па се вратив назад да бидам стјуардеса, па во извесен период работев две работни места.

Ноќе бев во казино, дење бев во авион. Со многу малку сон можам да постигнам да бидам одморена така се имам навикнато, објаснува Кајсторовска. Освен тоа се соочувала и со предизвици поради тоа што е жена.

– Ми се случи од двајца капетани – капетанот од Пакистан беше на обука на симулатор и од првин гледаше со многу голема недоверливост, а потоа мо бингот се случи од капетан од Малезија додека работев за Катар Ервејс.

Во текот на летот којшто траеше 13 саати некој кога постојано ве игнорира како да се чувствувате, а делите дваипол квадратни метри? Јаас долги години не сакав да зборувам за тоа, не сакав да лажам што навистина се случило бидејќи тоа што јас го доживеав на мене остави длабока трага во тоа време

Никогаш не си дозволив да станам горделива, меѓутоа секој чекор шт ого правев беше одмерен, за секој дел од чекорот го дадов својот живот, го дадов најскапоценото а тоа е времето, заклучува Кајсторовска.