Кире Лазаров: Тапкајте ми и викајте ми дека сум најдобар
Во пресрет на Светското првенство во ракомет 2023, поранешниот ракометар и актуелен селектор на македонската репрезентација, Кире Лазаров, беше гостин во Г – Карпет на Канал 5 каде што малку подетално зборуваше за неговиот став и очекувања.
По повеќе од две децении професионален ракомет Кирил Лазаров пред почетокот на минатото лето објави дека заминува во пензија од активно играње, а во Франција му беше приреден спектакл по повод заминувањето во пензија.
Имено, сите присутни на трибините ставија круни на своите глави, ракометарите беа облечени во специјални маици, а кога Лазаров се појави во салата го чекаше круна и кралски стол.
Лазаров им дал зелено светло за тоа што планирале да го направат, а даде и свој коментар за тоа што немал таков третман во Македонија.
– Ние зборуваме за многу не пријатели, за многу задкулисни игри, пре чки, меѓутоа јас се вратив во Македонија и се одлучив да и се посветам. Можев да останам и настрана, но се вратив, заклучува Лазаров.
– Јас им велам на моите непријатели кои ги имам во доволен број, ако сакате да бидам неуспешен немојте да ме пров оцирате и да ми наоѓате маани, тапкајте ми и викајте ми дека сум најдобар.
Ако викате дека ова не чини, она не чини, тогаш нема да успеете сигурно. Бидете обратно од тоа што го правите. Јас се нафатив за тешка работа прифатив да бидам селектор на Македонија.
Во период кога немаме готова репрезентација, има промена на генерации – ќе го нема Стоилов, Миркуловски, Лазаров.. не се жалам иако тешка работа имаме.
Нашите очекувања како Македонија и јавноста се големи и треба и да имаме големи очекувања. Треба да тежнееме да го чуваме спортот, да одиме напред почнуваме одново од нула и треба многу трпение.
Мојот карактер нема да дозволи да имаме губитнички менталитет. Знам дека ќе биде многу тешко, јас ја носам најголемата одговорност, но од друга страна сум многу среќен.
Јас сакам како предводник сакам да створиме репрезентација која ќе трае наредни дваесет години, вели Кире Лазаров.