Ковачевски: Сè што ветивме во нашата Програма го реализиравме
February 7, 2024
Актуелниот лидер на СДСМ и воедно поранешен премиер, Димитар Ковачевски се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:
Имаме должност да се грижиме за стандардот на пензионерите, бидејќи солидарноста е една од најважните вредности на СДСМ.
Сè што ветивме во нашата Програма го реализиравме, редовно ги зголемуваме и ги исплаќаме пензиите, донесовме мерки за вонредно зголемување на пензиите.
Денеска го посетив Сојузот на здружение на пензионери, со нас пензионерите секогаш имаат партнер на кој ќе можат да се потпрат.
СДСМ и во наредниот период ќе се залага за решенија кои ќе им овозможат на пензионерите стареење во достоинство.