Коле Ангеловски плати сметка за вода како да наполнил 25 фудбалски игралишта
Коле Ангеловски е еден од најпознатите македонски театарски и филмски актери, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач.
Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ.
Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.
За жал деновите тој се соочува со многу не мили сцени, откако пред некој ден му стигна сметка за вода со енормна сума.
Вели ова е сметка како да поседува и полни 25 фудбалски игралишта, како што вели ова го нема ниту на филм, вели разочарано Ангеловски.
Сметката гласела дека потрошил големи 2.500 кубни метра вода и за него е нејасно каде истекла толкава количина на вода.
– Пу кнала сметка веднаш е пријавено дека има проблем и екипите излегоа на терен, но веднаш по тоа ми стигна сметка со не нормални суми.
– Со 2.500 кубика вода би се поплавило половина Скопје вели Коле Ангеловски за ,,Сител Телевизија кој надополнува дека го тужел.
Тој добил на суд, но гол готата не завршила тука. По две години неговата одлука била обжалена од Јавното претпријатие и одлуката се завртела во полза на Водовод.
– Сега ми стигна и налог за извршување. Сето тоа е проследено до пензискиот фонд и сега од пензијата ми одбиваат една третина.
Екипата на ,,Сител” Телевизија побара одговор од Водовод а од таму пренесоа дека нивна обврска била да ги вчитуваат водомерите секој втор месец.
Но конкретно кај Коле Ангеловски не било можно вчитување бидејќи шахтата постојано била полна со вода, па така биле приморани да ту жат.