Кој нема кеш, нека му мисли: Во цела Македонија платежните картички од сите банки неработат
Колапс на платежните картички ширум Македонија што предивика загриженост. Информацијата е потврдена и се вели:
Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.
Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.
Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.
По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.