Латас откри дека Груевски имал намера да го смени името на Македонија – го кажа планот и како требало сето тоа да изгледа

Драган Павловиќ Латас е добро познато и препознатливо лице од ТВ екраните кој има завидна новинарската кариер, а најмногу јавноста го памети од програмата на Сител ТВ.

Веќе низа години го нема на малите екрани иако од време на време знае да се појави во јавноста преку социјалните мрежи или на гостување во емисии како што беше и сега.

„Кога почнаа да ги пуштат телефонските снимки во јавност, јас бев топ тема. Но ми пуштаа приватни снимки зошто немам украдено државни пари. Од мене имаше 62 000 пораки и разговори во СЈО за 10 години. Повише од кого било, после мене беше Миле Јанакиевски со 40 и нешто.

Правеме еден состанок, тука бев јас, Мијалков, Горан Ѕинго, Мартин, Груевски, ми се чини Миле Јанакиевски и нз уште кој друг. Тема на разговорот беше што е со работата, на каде ќе оди.

Груевски имаше една намера. Да признае не Република Северна Македонија туку Северна република Македонија што е голема разлика. И да важи само за надвор, само на пасош да пишува. Не во лична карта, не во школо, внатрешно нигде. Ние ќе си останевме Република Македонија.

Зошто, затоа што од 130 земји бевме признати како Република Македонија. И тука Никола беше пола пола, што да се прави. Јас без за предлогот, нешто мора да се даде.

Но велат што може да направат овие (мисли за СДСМ), ќе искочат на улица, па и ние сме искачале на улица. Но јас претходно бев во Белград и се дружев со луѓе кои добро ги познавааат канвас, овие што правеа шарена ре волуција. Знаев со кого имаме работа и знаев отприлика како ќе завршат.

Им викам ќе не уб јат од газење ќе не носат по затвори, но тоа не можеа да не прифатат, да го стават во глава. Само јас и Сашо Мијалков го тврдевме тоа, а Мартин, па нема шанси, како тоа.

Груевски го видов последен пат пред Нова година. Тогаш СДСМ ја веќе имаше направено владата, уште во летото. И му велам сега почиња.

Сите што остаа се лути на Груевски и тоа е нормално. Но секој од нас да ја имал таа политичка заштита, тој канал, тие пари, тој углед ќе го направел истото. Јас лично не знаев дека ќе бега, но претпоставувам дека тие некој луѓе околу него знаеле“, кажа Латас во поткастот на јутјуберот Лазаров.