Латас распали по ДУИ: Ахмети доаѓа сега како пејач по канцеларии кој нема што да понуди
Познатиот новинар, Драган Павловиќ Латас во беше гостин на Само Вистина на Канал 5 каде што кажа:
-Кај ДУИ 25 години нема ниту една програма, нема план за автопат, градинка во Арачиново, болница. Над дваесет години „пливаат“ на 2001 година на УЧК, кои наводно ја победиле македонската војска и полиција, тоа кај Германец може би поминало како приказна но ние знаевме кој таму стоел позади УЧК кој бегал од Арачиново со автобуси кога Македонците влегле и која ја добил војната.
Ахмети не ја добил војната. Тој дошол од Швајцарија, каде има досие дека е соработник на УДБА, кое е објавувано и на Албански медиуми и поратли и доаѓа сега како пејач по канцеларии кој нема што да понуди.
Не може да понуди војна бидејќи никој нема да го поддржи. Не може да понуди знамиња и споменици бидејќи тоа се потроши, ама просечниот Албанец е сиромашен исто како и Македонецот, па сега ајде што ќе правиме, ајде етничка програма за Албанец претседтаел.
Но тој бара по систем на „бадентер“. Да, вие бидете претседател но како малцинство по правила на бадентер имам право да го блокирам изборот.
Нема никаде во свет малцинство да уценува дали ќе даде согласост или не за претседател на држава. Се бара нова етничка тема еве да биде Албанец, а што има просечниот Албанец што има Албанец министер за надворешни или премиер? Ништо. Има интерес кај тендерашите и дилерите. Ним им треба некој да застане зад нив, за да не ги гони, а тие да носат гласови, рече Драган Павловиќ Латас во Само Вистина.