Ленче Кукиќ откри поради што синот и замерува и ја кара
Ленче Кукиќ, победничката на шоуто „Никогаш не е доцна“, не криеше дека покрај сопругот Горан, најголема поддршка има и од синот, кој во се им помага на родителите.
Пејачката неодамна за Гранд отворено проговори за своето семејство, а во таа прилика откри како семејството Кукиќ работи надвор од камерите.
– Секој родител не може а да не му се восхитува на такво дете кое има свои успеси. Јас и Горан за него имаме само родителска поддршка, а тој се бореше за ова што е денес. Ние сме секогаш тука за него, а сега стана обратно. Сега тој е таму кога ни треба. Досега ни беше дете, ние сме тука за него, но сега е обратно. Сега вели „мамо, тука сум да ти помогнам“. Сега ни е полесно и нам и на него. Сите тројца сме тука да се поддржуваме на секој начин – рече таа.
Пејачката признава дека има некои работи на кои наследникот се жали на неа, а кои се поврзани со нејзините појавувања и гостувања во емисии.
– Секогаш ме кара и замерува кога зборувам многу, ми вели „Мамо понекогаш навистина многу зборуваш, не кажувај се, криј нешто“, заклучила Ленче.