Леонид за когоа се крена и обедини цела Македонија има порака за сите хумани луѓе
Леонид Игнов е младото момче од Скопје кое изминатите неколку месеци привлече големо внимание во јавноста.
По несреќата во Грција и тешките операции Лео остана неподвижен, па се лекуваше на скопските клиники, а беше и првиот пацеинт кој со хеликоптер на МВР беше однесе во странство на лекување.
Но фондот му го одби барањето за покривање на трошоците за лекување, па целокупна македонска јавност се крена и обедини да ги собере потребните финансиски средства.
Помеѓу оние кои помогнаа со хумана акција беа и ДНК кои ја продадоа статуетката добиена од Златна бубара, а парите ги донираа за Леонид. Купувачот на оваа статуетка не само што уплати пари на сметка на Лео, туку реши и да му ја подари, па таа стигна во негови раце.
-Лео конечно си ја доби бубамарата, многу ве поздрави и ни кажа дека благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето му иде на подобро, и дека нема намера да се откаже, објавија од ДНК на социјалните мрежи.