Лиде на Венко се огласи по изборот на Филипче за прв човек на СДСМ – еве што порача

Венко Филипче е новиот претседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), соопшти вечерва на прес-конференција претседателката на Централната изборна комисија Викторија Аврамовска-Мадиќ и додаде дека тој е избран во фер и демократска процедура на внатрепартиски избори.

Веднаш по нејзиното обраќање, Филипче се обрати од говорницата во партиското седиште. Според него, со овие избори СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам.

„Ценам дека е спроведен беспрекорен изборен ден и целосно легитимен изборен процес. Сакам да има честитам и на моите сопартијци кои беа дел од оваа изборна трка.

Драго ми е што имавме конкурентни избори со повеќе кандидати. Од оваа кампања верувам дека сите научивме по нешто и сечиј придонес беше важен. СДСМ уште еднаш го демонстрираше својот демократски капацитет, кој како иден претседател ќе го негувам и унапредувам“,рече тој.

Македонската јавност Лиде Лиде ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на веќе поранешниот министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде на Венко, Лиде Лиде, Ретро Лиде или едноставно Лидија Гиновска е една од ретките личности во нашата земја која успеа да нè насмее и кога не ни беше до смеење.

Таа во меѓувреме успеа во својата желба, се запозна со Филипче, испија и кафе, а направија и фотка за успомен.

Лиде не пропушти можност на социјалните мрежи да се огласи по повод изборо на Филипче за претседател на СДСМ.

-За вака храбар народ по фејсбук, и по емисии на телефон бистрење… па и не е лошо, напиша на својот фејсбук профил Лиде, а притоа доби и коментар: Лиде треба да частиш…..за Филипче, на што таа кажа:

-Нема што да частам, си имаше музика кој сака можеше да оди.