Македонец во Хрватска нападнат од сопругата и нејзиниот нов партнер – морала да интервенира полиција

Хрватските медиуми пренесуваат вест за несекојдневен случај на шеталиштето кнез Бранимир во Биоград на Мору.Задарската полиција имала несекојдневна интервенција поради љубовен триаголник.

Имено, 41-годишен македонски државјанин таму бил нападнат од новиот партнерка на неговата сопруга на 29-годишна возраст, која почнала да го турка, а потоа му се придружила и неговата 28-годишна сопруга.

Нејзиниот нов партнер е приведен поради нарушување на јавниот ред и мир, а таа за семејно насилство, бидејќи се уште е во брак, барем формално, со нападнатиот маж.

Никој од актерите на инцидентот не е повреден, а случајот ќе го расчисти Полициската станица Биоград на Мору.