Македонец во Црна Гора влегол во ресторан, украл 50.000 евра, а потоа и го запалил
Државјанинот на Македонија со иницијали А.И. денеска бил уапсен во Црна Гора, под сомнение дека украл над 40.000 евра од угостителски објект во Бар, а потоа го опожарил.
Црногорската полициска управа за настанот информираше дека, А.И. на 31 јануари околу два часа по полноќ влегол на терасата од оштетениот угостителски објект и со употреба на сила го скршил прозорецот на објектот.
Откако пронашол метален сеф, со алат го отворил и украл пари во висина меѓу 40.000 до 50.000 евра, пренесува „Вијести“.
Македонскиот државјанин потоа предизвикал пожар во една просторија од објектот. Притоа тој избегал со сефот и парите, велат од Црногорската полиција.
А.И. е идентификуван како сторител и бил лоциран и приведен поради сомнение дека ги сторил горенаведените кривични дела.