Македонскиот пејач на слатки маки: Вредеа сите воспалени мускули, сите четири загубени килограми
Дарио Панковски изминатиот викенд имаше два одлични јубилејни концерти, а по нив се огласи на социјалните мрежи каде порача:
Пост фестум.Ваква совршено интонативна акапела изведба може да има само пеач со маестрална, културна и урбана публика!
И покрај сите напишани текстови, јас останувам без зборови како да ВИ се заблагодарам за целата огромна повратна енергија, љубовта и честа со која ме удостоивте и која никогаш не се заборава!
Е па вредеше. Вредеа сите воспалени мускули, сите четири загубени килограми за двата концерти, сите плускавци на нозете, сите препотени сакоа, сите кошули буквално цедени од пот и сите бескрајни проби со мојот драг бенд.
Вредеше и поради тоа што со овие два преполни концерти со прекрасни позитивни луѓе, им се затвораат устите на сите оние лоши, исфрустрирани, нереализирани и полни со з лоба и омр аза јазици, кои никогаш воопшто и не беа на било кој начин испровоцирани директно од нас,
Односно од мене лично и од Авалон Продукција, туку само од еден иницијален крајно без образен, дрзок и тенденциозен “новинарски” наслов во Фокус со извртени зборови, тотално извадени од контекст.
“THE WINNER TAKES IT ALL, THE LOOSER’S STANDING SMALL”…така отсекогаш било, така засекогаш и ќе остане.