Македонскиот фотограф Виктор Крстевски го освојува светскиот пазар: Со едукација, вложувања и правилна работа успехот е загарантиран
Во морето од бројни фотографи и сниматели во нашата држава едно име отскокнува и влегува во очи поради неколку нешта. Тоа е младото момче од истокот на државата, 29-годишниот Виктор Крстевски од Кочани.
Станува збор за фотограф кој се прослави на нашиот пазар со свадбените фотографии кои беа препорака за бројни клиенти во Европа, но и Азија.
-Уште како мал фотографирањето ми беше како желба, за мојот 10-ти роденден со собраните пари од поклон си купив апарат. Немав дилеми што сакам да станам кога ќе пораснам. Па во таа насока беше и моето образовaниe. Студирав и дипломирав на Мултимедија на ФОН, вели популарниот vkr photography кое му е уметничко име и по кое го препознаваат многумина, а притоа додава:
-За да дојдам тука каде што сум вложив доста труд во едукација, учење, како и инвестирање во опрема која сите знаеме е доста скапа. Со оваа професија почнав сериозно во 2016 години и на почеток најголем дел од тоа што ќе заработев вложував во опрема. Само со правилно насочување и максимално посветена работа успехот е загараниран.
Но не биле се така идеално, Виктор раскажува дека пред неколку години бил пред откажување од оваа работа.
-Пред две години за време на свадбена фотосесија во соседна Грција, поточно Солун се случи немил настан. Ми ја украдоа торбата со цела опрема која беше во вредност од 5000 евра. Едноставно бев депримиран и разочаран после тој настан и бев решен да кренам раце. Но благодарение на моите најсакани, фамилијата и сопругата и нивната помош, како морална, така и финансиска решив да продолжам за што сум и неизмерно благодарен.
Сингапур, Малезија, Тајланд, Норвешка, Шведска, Италија, Франција, Португалија, Хрватска се само дел од државите каде работно бил ангажиран Крстевски.
-Нескромно ќе кажам, квалитетот си го прави своето, па истиот ми донесе ангажмани надвор од границите на нашата држава. Имав неверојатен ангажман во Азија и тоа за време кога короната полека но сигурно пламнуваше. Потоа ангажмани и околу свадбено фотографирање во скандинавија.
Освен свадбени фотографии, Виктор работи и комерцијални фотографии и видеа и соработувал со познати наши спортисти и компании.
-Работам и на снимање и фотографирање реклами за реномирани македонски, но и странски компании. Соработував со имиња како Перо Антиќ, Дарио Ивановски, Винсенте дел Боске, Каролина Гочева, Стефан Лазаров и многу други кои застанаа пред мојот објектив што е големо признание, но и искуство за мене. Работев и фотосесии со модели во француски Париз и италијански Рим и Болоња. За следниот период веќе имам закажано и други ангажмани во странство.
Како што вели и покрај исполнетата агента тој не се откажува од својата прва љубов, свадбената фотографија.
-Годишно работам и по 60 свадби, секако со мојот тим кој во оваа прилика сакам да го поздравам. Зошто без добра екипа колку и да сум добар јас, на крај сам не би испорачал целокупен пакет од кој ќе бидат задоволни клиентите. Оваа прилика ја користам да ги поздравам дечките од мојата екипа.
Вели дека веќе има закажано свадби и за следната, 2025 година, а за годинава речиси и да нема слободен термин за оној ударниот период од мај до септември.
-Дојдов во ситуација кога едноставно мора да одбивам понуди поради презафатеност. Идната година ми е во план бројот на свадби кои ги работам да го редуцирам поради бројните ангажмани, но и со цел уште подобра и поперфектна реализација на истите.