Македонските автомобили одновно на удар во Грција – еве што денес му се случи на авотмобил од Скопје

Туристичката летна сезоан наголемо започна во соседна Грција, а со тоа и бројните македонски туристи.

Традиционално најголем дел од нашите граѓани летниот годишен одмор се решаваат да го поминат кај нашиот јужен сосед.

Но со стартот на сезоната, судејќи по објавите на социјалните мрежи, дојдоа и старите проблеми за македонските возила.

Слаџана Тараило во фејсбук групата „Во живо од Грција“ пред неколку часа сподели објава за која информираше:

Внимание, внимание, помеѓу Неа Каликратиа и Неа Флогита. На самиот паркинг е обиен автомобил на наши пријатели од Скопје.

Ништо не е украдено од автомобилот, но тоа била намерата. Бравата е уништена.