Македонски градоначалник за пример: На Тања и Горан за нивното петто дете и додели плац за куќа, 50.000 денари, стипенија за другите деца и бесплатна градинка за бебето
Градоначалникот Борчо Коцев на една од најмалите Општини во Македонија, Општина Зрновци со пример каков што од поодамна не е виден во нашата држава, а за истиот вели:
Денес го посетив новороденчето Мартин, петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови од општина Зрновци.Како Градоначалник ветувам максимална подршка за семејството, Мартин и неговите четири братчиња :
-пет годишен бесплатен престој во детска градинка “Бисерчиња” Зрновци
-вредносен ваучер од 50 000 денари за бебешки продукти и реквизити
-градежна парцела до 500 м. квадратни за изградба на индивидуален дом
-парична стипендија за четирите братчиња, кои што се ученици во ООУ “Синиша Стоилов” Зрновци.
Тања е вистински пример за жена, мајка и сопруга во денешно време на опшеството.Локалната самоуправа на општина Зрновци ќе продолжи со максимална подршка и грижа за повекедетните семејста со цел за создавање поволни услови за зголемување на наталитетот.
Голема благодарност до Директорката на Општа болница Кочани со проширена надлежност, госпоѓа Dushanka Gorgieva Trpevski , Докторскиот и акушерски персонал за покажаниот професионализам и грижа кон родилката и новороденчето. Искрејно се надевам дека и останатите Локални самоуправи ќе го следат овој позитивен пример за доброто на Македонија