Македонски полицаец се ранил со сопствениот пиштол – со повреди завршил во болница
November 24, 2023
Полицаец од Скопје заврши со повреди во болница, а имформацијата ја потврди МВР.
На 23.11.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во Скопје, при чистење на службениот пиштол, Г.А.(46) од Скопје, полициски службеник, испукал еден куршум и се здобил со повреда на ногата.
Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.