Македонско – босанска пресметка во Виена поради жена: Австриската елитна единица „Кобри“ уапсија четири наши државјани
Татко (54) и тројца сина (22, 25, 28), по потекло од Македонија, се уапсени по престрелка со босански државјани во Флоридсдорф, Виена.
Во тој конфликт биле ранети државјани на БиХ и биле пренесени во болница. Со нив бил и Иранец, кој исто така бил ранет.
Како што пренесуваат медиумите, тројцата ранети босански државјани на возраст од 22, 26 и 27 години, наводно се браќа или блиски во роднинска врска. Сите повредени се надвор од животна опасност.
Иако првично беше објавено дека се уапсени четворица државјани на БиХ, денеска приказната доби необичен тек откако полицијата подетално го истражи конфликтот.
Според првите резултати од истрагата, до пукањето дошло по тепачка на улица поради долготрајни расправии меѓу овие две семејства. Наводно, се дознало дека мотивот за пукањето е всушност жена, т.е. конфликт поради жена, изјави портпаролот на полицијата Маркус Дитрих.
Како што пренесуваат медиумите, на социјалните мрежи наводно претходно се разговарало спорот меѓу двете семејства.
Инаку, сторителите се фатени во близина на местото на злосторството само 90 минути по пукањето – по голема потера во која учествувале и австриските „кобри“. Осомничените побегнале со два автомобили кои биле паркирани во близина на станбена зграда во Флоридсдорф.
– Ова овозможи да се добијат информации кои довеле до локацијата на осомничените сторители – изјави портпаролот на полицијата Маркус Дитрих.