Малата Тања од кумановско: Сакам да ги видам мама и тато, но страв ми е да си идам дома да не ме затрупа куќата
Вите и Сузана Димкови од село Косматец, се сопружници кои две и пол децении минале и добри и лоши моменти. Родиле четири деца, со минимални услови се обидуваат да ги изведат на прав пат. Со нив во трошната куќа во моментов живеат само две, поголемата Кристина која е дете со пречки во развојот и 16 годишната Тања која учи срдно училиште и живее во интернат. Толку се лоши условите дома што не ми се враќа во петок назад. Сакам да ги видам моите родители и сестрата но, се плашам да не ме затрупа некој ден кровот-со солзи ќе каже ова млади девојче.
А, родителите се немоќни. Вите е болен од астма стекната од некогаш тешката работа во рудник и не е спсообен да работи, а, Сузана и да сака да оди на работа спречена е зашто селото нема комуникација со Градот.
Комбе во Косматец доаѓа само еднаш неделно, во четврток. Па со скромните пари од социјалната помош тие еднаш месечно ќе се симнат во Град, ќе испазарат, платат сметки и трпат до следниот месец. А, трпат и за вода, елементарната течност без која не можеме да преживееме. Во селото нема ниту вода, па тие зависат од добри луѓе кои ќе им донесат макар за пиење во неделата.
Ја штедат како злато секоја капка од неа. Но, животот не ги штеди нив, па, скромно ќе кажат помош ни треба да ја санираме куќата за да не не затрупа. За друго сме навикнати и ќе се снајдеме да продолжиме како што сме живееле и досега. Па, дури и ќе се бањаме во старото корито од минатиот век само да останеме живи и не затрупани-ќе завршат тие.
Пред повеќе од 20 години Вите и Сузана одлучуваат да започнат заеднички живот. Тешко започнале во уште полоша куќа од оваа. Па, продолжуваат да се мачат под кирии, се додека Вите бил работоспособен и можеле да си дозволат, за последните години да бидат принудени да се вратат во родното место на Сузана селото Косматец, за да имаат каков таков кров над глава, а со средствата од социјалната помош да можат да го поминат месецот.
-Живееме многу тешко. Сиот живот во распаднати куќи, но некако беше полесно додека бев работоспособен. Работев во рудник и добив астма, па веќе не смеам да работам ако сакам да живеам. Се преселивме во Косматец во родната куќа на жената, но и тука е многу лошо. Куќата е пред распаѓање. Живееме со 9000 денари месечно. Сакам да им обезбедам се на децата, но, ако имам сила еднаш месечно да им купам за јадење а, останатите гладуваме- започнува Вите за емисијата „Срце на дланка“.
Ова семејство живее со страв да не биде затрупано. Оддалеченоста на селото од градот, немањето вода и превоз до цивилизација се дополнително проблеми со кои веќе со години се соочува ова семејство. Посебно тешко е за средношколката Тања која мора да седи во интернат со 20 денари неделно ако родителите одвојат од скромниот социјален приход. И, со солзи во очите да каже дека не и се враќа дома зашто условите и животот и е многу тежок.
-Тешко ми е да кажам каде живеам- ќе каже малата Тања, која учи во Куманово и живее во интернат. Сакам да ги видам мама и тато, но кога ќе помислам каде доаѓам нозете не ми одат накај дома. Најсреќна би била да имам нова куќа и своја соба како и останатите деца.
Семејството на Вите не бара луксуз. Со скромна надеж посакаа срамежливо само мало санирање на полураспаднатиот дом и купатило. А, сигурно ќе се надеваат и дека ќе дојдат надлежни и ќе го решат проблемот со водата, па, коритото ќе го заменат со када, а рацете на Сузана за првпат во животот ќе бидат поштедени и ќе пуштат машина за перење алишта.
Желбата за да преживееме и успееме секогаш треба да ни е поголема од срамот. Никогаш не треба да се срамиме од својата искреност. Иако, со срам сепак ова семејство го прикажа својот дом и бара помош за да им се олесни живеењето.
Доколку сакате да им помогнете тоа можете да го направите на нивниот личен .телефонски број 077840791 и на нивната жиро сметка Вите Димков 320500010038802