Манекенката Драгана: Машките имаат страв да дојдат да разговараат со мене
Старлетата Драгана Спасовска која своевремено македонската јавност ја запозна пред неколку годин откако зборуваше за својот живот во Дубаи и познанствата со светски познати ѕвезди како што е Роналдињо.
За себе вели дека е амбициозна и храбра и дека во Дубаи запознала многу влијателни луѓе. Нејзина животна желба е да стане актерка во Холивуд.
Како што самата ќе изјави за бугарските медиуми, сака да биде со мажи кои имаат високи финансиски можности, зашто и самиот нејзин живот е таков – на висока нога!
Драгана беше гостинка во емисијата Нешто конкретно со СНеже Велков каде отворено зборуваше за нејзините ставови во врска со односите меѓу мажите и жените, но и за тоа дали мажите се плашат од жени со успешна кариера.
Жената кариеристка обично во филмовите е претставена како многу ладна и како некоја којашто нема време, не се грижи за децата и така натаму. Драгана го објасни нејзиниот став за причината:
– Затоа што според мене мажите во тој случај се послаби и жената доминира и затоа еве жената е таа која носи пари. Таа е силна, може се да издржи во денешно време..И јас сум многу силен карактер.
Не секој може да ми се доближи, пример машките имаат страв за да дојдат да разговараат со мене. И затоа мислам дека кога ќе видат некоја девојка во брендирана облека, како во Ѓаволот носи прада, да има свој бизнис, да е успешна, луѓето имаат страв, вели Спасовска.
Кога станува збор за заминување во странство за девојчињата обично и мајката и таткото не се согласуваат, велат немој, сама си, но Драгана има поинаков искуство со тоа:
– Имам поддршка јас целосно од родителите затоа што мајка ми е Бугарка, татко ми е Македонец и кога завршипв тука средно образование заминав да учам во Бугарија на приватен колеџ и оттаму веќе си продолжив девет години во Дубаи. Сметам дека родителите треба да даваат целосна поддршка на децата, вели Драгана.