Мартина од Скопје судбината ја натерала да ја напушти работата, но сега заработува од дома и упатува силна порака
Мартина Пешевска Здравевска од Скопје има 34 години, на свои 18 години започнала да заработува свои пари и така тера се до пред неколку години кога животот и приредува драма.
– На мојот сопруг сестрата бо ледуваше од ка нцер скоро две и пол години, за жал ја изгубивме, ги вложивме сите моќности и сите ресурси.
– Таа ни остави во аманет две мали дечиња за кои ние се грижиме, ги гледаме како да се наши, вели Мартина во емисијата ,,Зевзекманија”
Во оваа куќа живеат свекрвата, таткото со двете дечиња што ја изгубил сопругата, како и Мартина со сопругот и нивните двајца синови.
Со оглед на околностите Пешевска пред четири години морала да даде отказ од работа и без двоумење го променува својот живот.
– Морав да дадам отказ, поради ситуацијата што свекрва ми е веќе жена во години со низа здраствени проблеми и не може да го издржи сето тоа.
– Во рок од шест месеци ги изгубиме золвата и свекорот, тоа беше доста тежок период за сите нас, додава со горчина во душата Мартина.
Мартина се посветува на своите деца и децата на својата покојна золва. Од дома започнува да изработувам бетонски украси. А од пред три години активна е и во цвеќарството.
– По потекло сум од Куманово, таму израснавме во куќа преполна со цвеќиња. Со многу љубов веќе наследена од мајка ми.
– Заедно со сопругот направивме фолија. Сето тоа со нашите десет прсти, позајмивме пари колку што требаше, помош добив од тетка ми која одгледува цвекиња и ни даваше некој совети.
Здравевска одгледува салонски и дворски цвекиња, хризантеми, темјанушки, и уште многу видови на цвекиња. Секако тука има и еден куриозитет како што е сибирскиот лимон кој се сади надвор.
– Тој не мрзне, може да издржи до минус 50 степени, што во нашата околина никогаш не се случило. Лимони се добиваат после петтата година.
– Тие се поситни од вообичајните, но се многу по содржајни со витамини. Исто така не е како што велат за цвекињата ставај и вода и завршена работа.
– Напротив треба многу внимание, нега и љубов кон цвеќето. Веќе од цвеќето се профитира од месец март, април па натаму…
– Круната на секој цвеќар е секако осми март, за кој сме спремни уште сега. Исто така имам и многу онлајн нарачки, доваѓаат и дома земаат.
– А мојот син излегува и на пазар продава цвекиња, го учам како се заработува пари во животот, дека не е тоа само ,,Дај мамо пари”
– И со тоа сакам да го научам на добар живот, а како што гледам на прав пат сум. Тој од заработените пари од продавање цвекиња си купи телефон на свои десет години.
– Во животот можеби доста доцна ќе се пронајдете за нешто или некоја работа, но не треба да се откажувата, бор бата е најбитна, вели за крај оваа храбра жена.