Марјана Станојковска низ солзи: Тешко ми е, не можев да се соземам
Дефинитивно Марјана Станојковска со години важи за една од нашите најубави тв лица која каде и да се појави привлекува внимание.
Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.
Станојковска беше гостинка во новата емисија Галама шоу со Жаре Бербер, па низ разговорот сподели еден момент кога била приморана на телевизија да изгледа како ништо да не се случило, а всушност во себе плачела.
– Дента кога не разбуди таа жална вест за нашиот Влатко Илиевски. Тоа беше сабота, јас сабајлето станувам пијам утринско кафе, ја читам таа вест – мене не ми се верува. Јас мислев дека е некоја пала, после тоа дознаваме дека е вистина.
Јас ден денес не сакам да се помирам со таа вистина и тешко ми е, а таа вечер имав лото емисија. Таа вечер, јас не можев да го изговорам зборот среќа, не можев да изговорам среќни добитници бидејќи мене тогаш душата ми плачеше.
Бев скршена од болка во тој момент, едноставно не можев да се соземам, солзите сами ми навираа, со тажно лице објаснува Марјана Станојковска.