Маја Оџаклиевска доби национална пензија, па се повлече на село со внукот Лука: Најголема желба ми е да прозбори
Маја Оџаклијевска сними голем број хитови кои се пеат и ден – денес. Пензионерските денови ги поминува далеку од градската врева, па живее на село и се грижи за животните.
Со неа е и нејзиниот внук Лука, кој, како што повеќе пати истакна пејачката, е нејзината најголема радост во животот.
Лука има аут изам, а Маја штом дознала ја оставила кариерата на страна и целосно му се посветила на своето внуче.
„Очајно му требаше мир. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните му работат, темпераментен е, како ласица, што е нормално за 13-годишно момче.
Прекрасен е, единствената бо лка е што уште не зборува, искрено се надевам дека ќе зборува, некои прозборувале, некои никогаш и тоа е мојата најголема желба“, призна Оџаклијевска.
Пејачката со прекрасен глас опиша како изгледа животот на село и еден од нејзините денови.
„Јас живеам совршено мирно, станувам наутро во шест и пол, го гледам изгрејсонцето, одам на полињата, ги хранам моите животни. Седнувам и пијам кафе, никој не ме малтретира и прекрасно е.
Нема сообраќај, нема гужва, нема телефон што ѕвони одвреме-навреме, имам свое време и сакам да уживам. Изолирана сум на село и тоа ми се допаѓа.
Имам зајаче, мачка, куќа, птици, секакви работи. Домашни животни се уште немам затоа што тоа бара поголем ангажман, но можеби ќе ги имам ако даде Господ“, изјави Маја.