Миа Костова: Кога ќе видам кој е за традиционално семејство, инстант ми иде да си брцнам во око

Миа Костова важи за една од најпознатите наши инфлуенсерки, а некогаш со успех работеше и како ТВ водителки.Таа долги години беше заштитно лице на Тв емисијата „Бекстејџ“.

Костова важи за човек без влакна на јазикот и секогаш го искажува своето искрено мислење без разлика дали тоа му се допаѓа некому или не.

Па така беше и овојпат кога на својот фејсбук профил сподели статус во кој што вели:

Овие што ставија сличе со чадор што брани едно традиционално семејство од виножито, без исклучок се мажишта што гледаат по рно со пе дери и лезб ејки, жени што никад нема да имаат статус – пошо се небитни, неморални девојки од кои и ја би отворила чадор ама на никој не му текна да го напраи.

Ја сум специфична на темата, мирна и комплетно неутрална, на паради не излагам. Имам свои причини.

Ама кога ќе видам кој е за традиционално семејство, инстант ми иде да си брцнам во око. Пошо сте све, освен традиционални.