Миа Костова спремна да се пресели, а кажа и каде: Во какви услови живееме не знам како и волку издржавме
Миа Костова важи за една од најпознатите наши инфлуенсерки, а некогаш со успех работеше и како ТВ водителки.Таа долги години беше заштитно лице на Тв емисијата „Бекстејџ“.
Костова важи за човек без влакна на јазикот и секогаш го искажува своето искрено мислење без разлика дали тоа му се допаѓа некому или не.
Многумина ја сакаат, но не е мал бројот и на оние кои и пишуваат зајадливи коментари. И тоа е нормално, особено кога се работи за јавна личност која нема влакна на јазикот и која излегува од секојдневните клишеа.
Има илјадници следбеници на социјалните мрежи каде секојдневно споделува фотографии, видеа или некој статус, а овојпат им остави простор на фановите да ја прашуваат.
„Што мислиш за масовното преселување во странство? Дали би се иселила и зошто?“ , гласеше едно од прашањата упатени до Миа на кое таа одговори:
На тоа во какви услови живееме ја не знам како и волку издржавме..Сега веќе да, би се преселила ако сум сигурна таму каде што би заминала
а би заминала на некое место со море и повеќе сончеви денови и температури кои не паѓаат под 15 степени.