Милош Неделков покажа како изгледало кога некогаш нашите родители оделе на училиште, видеото стана вирално
На профилот на ,,Тикток” наречен Балкандад, зад кој се крие комичарот Милош Недељков, објавено е видео на кое се гледа „како родителите од Балканот оделе на училиште“.
Имено, Милош се снимил како оди во „училиште“ со ранец низ непроодна шума, ливади, како се искачува на стрмен рид и дури по четири часа пристигнува на својата дестинација.
„Како балканските родители велат дека оделе на училиште“, напиша тој со објавата која собра 19 илјади лајкови и ги покани своите следбеници да ги раскажат приказните на нивните родители.
„Секогаш кога татко ми ја раскажува својата приказна, секогаш е зима и секој пат кога снегот станува се подлабок и тој има се помалку облека на себе.
,, Последен пат ни кажа дека снегот е до неговата половина и имал само фармерки, кошула, зимска јакна и гумени кломпи.
Исто така, вели дека било -20 степени и 12 километри во еден правец , напишал еден следбеник за приказната на неговиот татко.
„Треба да направите снежна верзија од ова. Тогаш тоа би била приказната што сите ја слушаме“, „И пред да тргнат на ова п еколно патување, прво мораа да го нахранат добитокот“. Како изгледа целото видео може да го проследите тука.