Миро Кацаров се пожали: Не знам зашто за мене и за Жаре Бербер се збори дека сме сељаци
Мирослав Миро Кацаров е добро познато телевизиско лице кое јавноста го знае како поранешен водител на „Бекстејџ“, а актуелен домаќин на „Голден Карпет“ на Канал 5 телевизија.
Миро Кацаров сега беше гостин во забавната емисија Ти реков ми рече со Давид Давидовски каде отворено зборуваше за медиумската кариера, но и за себе како човек.
„Миро е добар дечко, само така луѓето пошто го гледаат на телевизија и мислат дека е препотентен, одвратен оваков онаков сељак. Не знам зашто за мене и за Жаре Бербер се збори дека сме сељаци.
Ние сме од многу градски фамилии сме многу културни луѓе. Јас сум една од најградските фамилии во Штип и многупати слушам муабети од тип „абе сељак“, абе зошто сељак не разбирам..
Пред десетина години Миро ја напуштил Македонија и заминал во Дубаи со надеж дека ќе најде работа таму, и работел во Дубаи мал за познатата марка Најк како продавач.
„Кога завршив со Бекстејџ мене ми завршија сите соништа за на телевизија. Барав работа на тв далечната 2012та година, ниедна врата на мене не ми се отвори затоа што многупати знаат многу јавни личности да кажат кога ќе завршиш на ТВ, на некоја јавна функција од утре телефонот нема да ти звони како претходно.
Ние сме нација каде шт окога си популарен, богат, актуелен, министер или пратеник сите ти се друари. Кога си никој и ништо тогаш никој не те почитува дека ти со него си бил добар“, објаснува Миро.