Навивачите на Левски дојдоа во Скопје па порача: Доаѓаме да ве анексираме – Македонија е бугарска
July 27, 2023
Екипата на Шкупи вечерва во рамки на второто коло на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА силите ќе ги одмери со бугарски Левски.
Во пресрет на мечот кој се игра на националната арена Тодро Проески, од раните утрински часови започнаа да пристигат навивачите на клубот од Софија.
И нормално, поточно не е изненадувачки нивниот однос и пораките кои што ги пратија на сметка на Македонија.
Имено тие испратија ептен националистички пораки, на кои нашето МНР не смее, а да премолчи.
Имено тие порачаа: Доаѓаме да ве анексираме, Македонија е бугарска и Македонија без Бугари, оган нека ја изгори!