Наум Петрески: Тука е село со глуви кучиња и кучки – уништено е се што значи национално богатство
Наум Петрески е добро познато име на целокупна македонска јавност, еден од најдобрите македонски фолк пејачи кој на сцената опстојува долги години.
За него важи дека е човек без „влакна на јазикот“ и го говори тоа што го мисли, па така беше и овојпат.
Јас не напаѓам никого од естрада, секој се снаоѓа како знае и умее, и нам ни тој, ниту пак било кој друг од страна ни е виновен што не знаеме да направиме држава, туку село со глуви кучиња и кучки!
Кога се општинските манифестации во прашање, каде покрај регионалните, се почесто се ангажираат и домашни пејачи, можам да кажам дека во суштина мрдна нешто малку во тој поглед, но сеуште сме далеку од суперлативи- вели Петрески за Фокус.мк и додава:
-Решението е рушење на се што било досега и нов почеток, без македонско влијание! Влада составена од Словенци, Швеѓани, Норвежани…
Тогаш можеби ќе научиме нешто, а мислам дека и дури тогаш учењето тешко ќе ни оди.
Низ историјата, долго време не не бидува, уништено е се што значи национално богатство! Преспавме многу историски промени и временски влијанија на Балканот, но и пошироко – потенцира музичаро