Најдобро летно освежување: Рецепт како да си направите боза

Боза, еден од најпопуларните пијалоци, е ферментиран пијалок со потекло од Турција, но се подготвувал и во земји како Казахстан, Киргистан, Албанија, Бугарија, Македонија, но и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Ферментираните пијалоци направени од пченично брашно или просо првпат се појавиле во текот на 9 и 8 век п.н.е. во времето на домородните Анадолија и Месопотамија.

Во текот на 10 век, пијалокот го добил името „боза“ и станал популарен меѓу централноазиските Турци, а подоцна се проширил и на Кавказ и на Балканот. За време на Отоманската империја, каде што цветаше се што е поврзано со кулинарскиот свет, бозата уживаше и во својата златна ера.

Денес бозата се подготвува со алкохолна млечна киселинска ферментација на различни зрна. Овие можат да бидат пченица, јачмен, пченка и гриз.

Содржината на шеќер во овој густ напиток се постигнува со додавање шеќер, гликоза, а во последните години и аспартам или други засладувачи. Житариците прво се варат во вода, а потоа се истураат во тави да се изладат.

Откако ќе се просее, во смесата се додаваат водата и шеќерот. Боза се служи со лажица поради густата конзистенција. Напитокот се посипува со цимет или печен наут.

Бозата е здрава бидејќи содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12, а содржи и многу корисни бактерии. Се препорачува за пиење на спортисти, трудници и доилки, а познат е и по тоа што ги намалува хормоните на стресот.

Состојки
1/2 кг пченкарно брашно
5 литри вода
20 гр квасец
1/2 кг шеќер (може и повеќе)

Подготовка

Во поголемо тенџере сипете 5 литри млака вода и додадете половина килограм брашно. Изматете и оставете да отстои најмалку десет часа, идеално преку ноќ.

Откако смесата ќе се смири, тенџерето се става на тивок оган и со повремено мешање се остава да врие три часа. Тргнете го од оган и оставете да се излади.

Растворете 20 грама квасец во малку млака вода и сето заедно додадете го во изладената смеса од брашно и вода. Се добро измешајте и оставете да отстои уште најмалку 10 часа.

Уште еднаш убаво измешајте ја густата смеса и процедете ја преку газа. Додадете половина килограм шеќер и мешајте додека да се растопи и смесата да стане компактна.

Смесата истурете ја во шишиња и ставете ја во фрижидер. Не затворајте ги шишињата поради формирање на гасови за време на ладењето.