Некогаш беше храна за сиромашни, a денес достапна само за богатите, џимиринките како злато

Јасно е дека производителите, чија храна за свињи и енергенти вртоглаво пораснаа минатата година, дел од трошоците ги одразуваат на клиентите и добавувачите.

Исто така, зацементираната цена на некои категории свинско месо (кои сочинуваат околу една третина од свинските половини)

Како и недостатокот на работна си ла во преработката, во кла ниците и месарниците си го прават своето, а тоа се одразува многу.

Оние кои одлгедуваат помалку свињи секогаш можат да лицитираат со цената на нивните производи бидејќи обично секогаш има купувачи за таква роба.

Но, за поголемите системи, за кои трговските синџири се главен начин на продажба, важно е да се надмине конкуренцијата и да се привлечат клиенти.

Џимиринки, пршки, клиси се деликатес кој е доста популарен кај нас и секако на балканот. Постапката за да се добие џимиринка е да во метален лонец се пржат сланина и мрсно месо. При подготовката се добива маст, а ситни парчиња од месо се пржат и се сушат.

Џимиринките се чуват суви и се сервираат самостојни како пред јадење или служат како додаток во некои јадења. И ако порано џимиринките служеа како храна за сиромашни сега станува луксуз.

,, Па, не се направени од злато, коментираат потрошувачите деновиве во некои трговски синџири каде килограм џимиринки од одредени производители се поскапи од производите како што се пршута или кулен.


,, И јас и бабата ги јадеме џимиринките, без тоа не можеме, сме пораснале со тоа, сега немаме свињи и не можеме да правиме џимиринки, но ова што го гледаме по маркетите е навистина претерано, вели дедо Марко.