Нема крај: Претепано дете во Кочани од 51 годишен маж
January 22, 2024
Нема крај на лошите вести поврзани со насилства врз дете кои ги потресе Македонија во новата година.
Татко од Кичево уби 2 годишно дете, Македонец во Шведска беше кобен за својот 10-годишен син, а се лекува четиригодишно дете од Струмица поради повреди здобиени под сомнителни околности.
Овојпат МВР информира за ново насилство врз дете, овојпат во Кочани
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 24.12.2023 во Градскиот трговски центар Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреди, соопшти МВР.