Никола Груевски: Немојте да мислите дека и со мене не се обиделе, уште пред да станам премиер

Некогашниот македонски премиер, а сега во егзил во Унгарија, Никола Груевски денеска како никогаш до сега во еден ден беше активен на социјалните мрежи.

Тој напиша неколку статуси на различни теми, а во еден од нив привлече поголемо внимание:

Очигледно така функционира сето ова, и вака изгледаат многу од политичарите кои ги гласате, а кои ви кажуваат разно-разни измислени причини, подготвени фрази и образложенија зошто треба да се промени името на држава и на јазикот, идентитетот, историјата или други национални одстапки.

Или едно во говорат пред, а друго после изборите. Немојте да мислите дека со Заев и неговата банда разговорот бил многу различен. Може само сумите да биле различни. И не само со Заев

Не ги обвинувајте нашите соседи, тие си ја бркаат својата работа. Си се борат за нивната дежава, нација, историја, идентитет, јазик, интерес.

Нашите политичари така ги навикнале! Сигурно ова не почнало и не завршило со Љубе.

Но, Љубе е очигледно само прототип на политичар, кој самиот отворено кажува дека го лаже народот во изборна кампања за после “да му го зарие но жот каде најмногу го бо ли” за пари и да го продаде како компири на пазар.

И немојте да мислите дека и со мене не се обиделе. Уште пред да станам премиер а кога веќе тоа беше јасно, дојдоа стројниците…Доаѓаа разни стројници и потоа и со матерјални и со не матерјални понуди за спогодба. И со морков и со стап.

Исходот е познат и не сум јас вака жестоко на паднат туку-така. Но, тоа можеби во некоја друга прилика…