Никола, момчето за кого се крена цела Македонија, се чувствува одлично и не се откажува: Ќе идеме до крај
За 19-годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево, општина Гази Баба кој боледува од ка рцином на коските веќе повеќето од јавноста знае.Животот досега неколку пати го има ставено Никола пред сериозни предизвици.За помош на негово лекување се крена цела Македонија на нозе, па се преземаа низа акции за прибирање на потребните средства за лечење.
Никола имаше интервју за Канал 5 Телевизија заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој воедно ја направи најпозитивната работа за него со тоа што го вработи во општината.
– Супер, одлично се чувствувам, покрај толку позитивни колеги. Благодарност до цела Македонија, до сите што беа учесници. Досега имам примено три циклуси на хемотерапии по 5 хемотерапии, тоа се вкупно 15.
Дознав поради причина што имав проблеми со забите, бев на заболекар, од заболекар после имав испитување на Државна болница, примав тука 5 хемотерапии, но почнаада ми влијаат малку лошо поради тоа што е ретка болест и морав да примам во странство.
Сега за сега, ќе видиме на 17ти резултати како влијае хемотерапијата, да видиме дали има подобрување, ако нема не дај Боже, ќе менуваме терапија, ако не ќе тераме исто и ќе идеме до крај.
Чест ми е да бидам дел од сите проекти на Општина Гази Баба. Работам архивирање и средување на документи. Колегите се премногу фини, позитивни, работата е одлична, вели Никола.
Градоначалникот видно среќен што е дел од неговиот тим го пофали Никола како добар работник, вреден, кој и покрај ситуацијата е со волја да ги извршува секојдневните обврски.
– Има примено пет хемотерапии во една постава во Турција, и сега засега е добра неговата здравствена состојба, дополнително на крајот на месецот заминува на повторно испитување во Турција. Искрено сенадевам дека ќе биде се во најдобар ред и како што кажав во првата прилика кога се запознавме со Никола, во мене ќе има пријател и за се што треба ќе се помагаме.
Распореден е во делот на мојот кабинет каде што буквално се припремаат сите документи за сите проекти што ги реалзираме, во таа насока ќе биде директно вклучен во проектите што се од општ интерес за граѓаните, ќе може да ми помага, додава градоначалникот Стефковски.