Никола од делчевско: За еден леб мора два часа да пешачам, а роднини ми ги земаа документите и ме оставија без работа
Никола Андонов е 30 годишно момче кое уште многу мало за да стигне на училиште од врвот на село Бигла одело пеш до селото борејќи се низ шумата со диви ѕверови. Уште од тоа време тој има трауми и лоши спомени. Морал да се запише во училиште во Струмица како дете со посебни потреби, само за да добие статус на ученик и документ дека може да работи.
И, работел во неколку пекари. Се додека еден ден од роднини не бил изигран и неговиот документ како што вели тој не биде искористен за земање на средствата од нивната страна. Во моментов неговите документи се кај роднините и тој не може да се и ги земе назад. Се води како вработен, тие ги земаат средствата од државата, а тој не зема ништо. Се чувствува изигран. Ова семесјтво е речиси единственото во тој дел од селото, кое откако нивната куќа се распаднала од пред една година живее во една мала сиромашна соба од некој сосед само за да преживее. Храна јадат ако заседат некој зеленчук или ако им донесе некој добронамерен човек. А, најголемата желба на Никола-ќе рече тој е да се пресели со мајка си во градот, да се вработи и создаде дом во кој среќно ќе живее со сопруга со која би создал семејство.
Никола има големи трауми од детството во село Бигла, од каде уште пред многу години тешко можел да се симне до асфалтираниот дел од селото за да оди на училиште. Многу пати сее борел со диви животни, со снег и дожд, но ништо не го поколебало да остане цврст и да ги забие лошите мисли и стравови длабоко во душата. Ослободување од стравот започнува кога со посебен документ од социјални грижи како дете со посебни потреби продолжува да учи во Штип и Струмица. Иако повремено седел и под кирија за да го намали патувањето од селото во Градот, сепак без документот кој ќе рече тој му е запленет од роднини со цел парите од државата да не завршат кај него, поголемиот дел од животот го минува осамено и сам во распаднатата куќа која е паметник за некогашниот живот на ова село.
-Многу тешко детство имав на ридот од родната куќа каде живеам со семејството. Уште многу мал за да се симнам и да одам во училиште морав еден час да пешачам низ шума за да стигнам и да учам. Гледав диви животни, газев низ дожд и снег. Многу ми беше тешко. Сеуште имам трауми оттогаш. Со плачење ссекој ден станував и се враќав. Подоцна тато почна да ме носи. И, на крај ми извадија потврда од социјална како демек сум дете со посебни потреби само за се запишам во училиште во Град за да не ги живеам овие трауми. И, сестра ми направи исто па таа толку не патеше како мене.. Откако завршив и средно училиште, се вработив, живеев и под стан во Делчево, но тоа не траеше долго. Зашто документот ми го зема една снаа од чичко, ме избрка од таму и сега ниту можам некаде да се вработам, ниту документот можам да си го земам оттаму за да конкурирам на друго место. А, средствата од државата одат кај нив-започнува да раскажува ова срамежливо момче.
Потежок дел од животот на ова момче започнува од 2021 година кога починал таткото, па грижата за неговата болна мајка е врз него. И, иако најголемата желба ќе му биде засекогаш да го напушти селото кое освен трауми, потиснати чувства и страв ништо друго не му донело, сепак ќе рече додека не бидам сигурен дека и мајка ми доаѓа со мене, никаде не заминувам. Сакам прво себеси па и неа да ја направам среќна и да ја усреќам со снаа, а во иднина и со внучиња.
-Беше малку полесно додека беше тато жив. Но, тој почина и јас и мама се преселивме од горната куќа која беше наша во оваа која е на еден сосед и ни дозволи тука да живееме. Тешко е, мам зема само 8000 денари ама јас не и земам ниту денар. Ако некој ме викне подработувам и се трудам да заработам за себе. Но, нема иднина во селово. За да стигнам до асфалтот одам пола час –час, а потоа уште еден саат до Градот. Мора да се преселиме и да најдам работа во граадот, зашто тука повеќе нема излез. За еден леб мора два часа да пешачам за да одам да го купам. Сакам и да се оженам, млад сум и да ја израдувам и мама со внуче. Но, тука човек не преживува, а не жена да ми дојде –ќе заврши разочарано Никола за „Срце на Дланка“.
И, порано беше тешко, ама сега ова веќе е неиздржливо-очајно ќе рече неговата мајка Добрина, која се што посакува во остатокот од нејзиниот живот е да го види Никола среќен, среден, одомаќинет и со семејство.
Човекот станува издржлив откако ќе проголта многу гнев, очај, удари, предавства и разочарувања. Мора само да каже Било што било, и мора да продолжам понатаму. Зашто поентата на животот не е во лузните кои ги добил туку во лекциите кои при болката ги научил.
Доколку сакате да помогнете Никола да живее полесно тоа можете да го направите преку јавување на неговиот личен телефон 075337723 или на жиро сметката на Комерцијална банка 300007112584109 на Добрина Андонова.