Новинарката Мирсолава за скандалот на Онкологија: И каде е Косово во целата ова приказна?
Новинарката Мирослава Симоновска на својот фејсбук профил вечерва напиша:
За големи обвинувања треба да се имаат големи докази. Докази за тоа дека на пациенти им бил даван физиолошки раствор а не цитостатик, обвинителството нема никогаш да собере, тоа на секој треба да му е јасно.
Оттука, тоа никогаш нема да биде потврдено. Единствено, ако некој што го правел тоа, стане соработник на истрагата, што лично не верувам дека ќе се случи.
Оттаму, целата истрага ќе се фокусира на медицинските истории и на тоа дали на починатите пред смртта им се требувани скапи лекови кои не би можеле да ги примат, туку тие лекови би можеле подоцна да се основа за профит и препродажба.
Исто така, истрагата ќе се фокусира и на тоа како на секое едно лице што се лекувало на Онкологија му била давана терапија во секоја фаза на канцерот.
Дали се правеле малверзации со дозите? Зошто кога ФЗОМ има доделено гигантски буџет а Министерството за здравство уште погигантски условен буџет, пак пациентите мора да си купуваат лекови сами?
Што се случува со донациите од семејствата на починатите кои завршуваат во аптеката? И каде е Косово во целата ова приказна? Тоа е тоа.