Новинарот Кирил од Штип искасан од куче скитник: Ова може да се случи и на дете, мора да се превземат мерки
Познатито новинар Кирил Манев Штип уште во неверување од ситауцијата која го снашла пред камерите на телевизија ,,Стар” раскажува за немилиот настан.
– Како и секој ден минував низ плоштадот, забележав група на кучиња, и наденаш од зад грб ми пријде едно куче и ме иска са.
– И тоа преку панталоните, неочекувано, ми нанесе големи бо лки, не можам да опишам како се чуствував, вели потре сено Кирил.
Манев успеал некако да се соземе и да отиде да побара медицинска помош од надлежните, каде му била извршена преврска.
– Едноставно ова треба да прекине, цел ден ми е уни штен, не знам што да кажам, барам да се превземат итни мерки, ова може да се случи секому.
– Кога го велам ова мислам и на мало дете кој минува низ градот, додава овој истакнат новинар кој има завидна кариера.
Од општина Штип пак се обратија со апел до граѓаните: Ќе ги замолиме граѓаните да внимаваат на тие кучиња што не се обележани со ушна маркица.
– Значи тие без маркица не се заловени, додека тие пак со маркица на десното уше го минале целиот процес, биле заловени и стелиризани, велат од општината.
Случајот со новинарот Манев апелира на поголемо внимание од граѓаните кога се движат по улиците особено кога ќе забележат кучиња скитници без задолжителна ушна маркица.