Од Вардар ќе побеснат по одлуката на Пелистер: Малку кој очекуваше ваков потег на Битолчани
Како што е познато РК Вардар побара одложување на дерби дулот со Еурофарм Пелистер. Причината е болеста што зафати 15 члена.
Но битолчани одбија да се одложи мечот и притоа објавија:
ПочитуваниСо особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.
Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.спортски поздрав
РК Еурофарм Пелистер