Од МПЦ бараат да нема Бадникарски огнови: Работи излего од контрола
Традицонално, како и многу години наназад, така и во пресрет на Божиќ ширум Македонија во различни градови, населени места и населби ќе има бадников оган.
Но во период на енормно високо аерозагадување, но пред се заради тоа што палењето на Бадникарските огнови не е во склад со христијанството и традицијата, од МПЦ со апел годинава да не се палат огнови.
И особено да се не се практикува пуштање гласно на неприкладна музика и конзумирање на алк охол на собирите.
Веќе некои работи излегоа од контрола во врска со обичајот, почнаа нехристијански. Огнот како оган не е проблематичен.
Оган имало и кога пастирите се поклониле на Исус Христос бидејќи било зимно време.
Проблем е нашиот пристап кон огнот и сето она што се случува околу огнот, особено тука е греаната ракија која што треба да ја нема буквално бидејќи Бадник и Божиќ се последната ноќ, последниот ден пред рождеството христово и големиот празник.
Кога постот е веќе поголем и кога всушност ние бдееме, односно го поминуваме времето во сеќавање и молитва на Бог.